Насловна | Галерија | Мапа на сајтот

Духовен учител

Вистински духовен учител е оној што постигнал реализација на Бог. Сите ние сме едно со Бог, но вистинскиот учител воспоставил свесно единство со Него. Во секој момент тој може да влезе во повисока свест и на оние ученици што веруваат во него да им донесе порака од Бог. Ако учителот е вистински, за оние трагачи што вистински тежнеат и имаат верба во него, тој го претставува Бог на земјата. Тој е овластен и пратен од Бог да им помогне. Вистинскиот учител, вистинскиот Гуру е самиот Бог. Но на земјата Бог многу често ќе дејствува преку духовниот учител и со негова помош. Учителот ја зголемува трагачката инспирација и со помош на бескрајната милост на Севишниот им нуди просветлување.

Duhovni UčiteljЛуѓето понекогаш мислат дека реализираната личност е потполно различна од останатите и дека се однесува многу необично. Но сакам да кажам дека реализираната личност не би требало да се однесува ненормално. Што реализирала таа? Ја реализирала крајната вистина за Бог. А кој е Бог? Бог е некој или нешто сосема нормално. Кога некој ќе го реализира највисокото, тоа значи дека тој поседува мир, светлина и блаженство во бескрајна мера. Тоа не значи дека неговиот надворешен изглед и особини ќе се разликуваат. Тоа не значи дека тој на некој начин ќе стане ненормален. Не, тој е нормален. Дури и кога духовниот учител ќе го реализира највисокото, тој сеуште јаде, зборува и дише како и останатите.

Недуховните луѓе често мислат дека потполно реализираниот учител во секој момент мора да изведува чуда. Меѓутоа, чудата и реализацијата на Бог не мора секогаш да одат рака под рака. Кога ќе погледнете духовен учител, гледате мир, светлина, блаженство и божествена моќ. Ако влезете во него, со сигурност тоа и ќе го почувствувате. Но ако од реализираната личност очекувате нешто друго, ако доаѓате кај духовен учител мислејќи дека ќе ви ги исполни многубројните желби и ќе ве направи милионер, тогаш сте осудени на разочарување. Ако волјата на Севишниот е таква, учителот лесно може да спушти материјално богатство во огромни количини и преку ноќ од некој да направи мултимилионер. Меѓутоа, тоа не е волјата на Севишниот. Севишниот сака внатрешен напреодок а не надворешно богатство.
Реализираниот учител е како човек кој е многу умешен во качување и симнување од дрво. Кога учителот ќе се симне, не губи ништо бидејќи знае дека следниот момент повторно ќе може да се искаче. Да претпоставиме дека детето под дрвото му вели: “Те молам, дај ми го највкусното манго.“ Учителот веднаш ќе го донесе долу, а потоа веднаш ќе се искаче на дрвото. Дури и ако никој повеќе не му побара манго, тој ќе седи на дрвото и ќе чека.

Личноста што го реализирала Бог секогаш може да биде среќна во внатрешната свест каде што има постојан тек на светлина и блаженство. Учителовата несреќа во надворешниот живот доаѓа од неговите ученици, затоа што се поистоветува со сите лоши сили од кои тие боледуваат. Гуруто има моќ да го поништи законот на кармата за своите ученици, но кога го поништува тој влегува во нивните проблеми. Ако некој треба да го извлечеме од вода, мораме да влеземе во водата за да му помогнеме. Исто така потребна ни е свесна помош на тој што се дави. Учителот најмногу пати кога учениците не соработуваат, кога ги негуваат своите небожествени особини и не сакаат да се ослободат од нив.

Вистинскиот учител на своите посветени ученици сака да им даде се. Затоа тој се обидува да го зголеми нивниот капацитет како би го примиле мирот, светлината и блаженството што го симнува. Меѓутоа тој не може да ги присили трагачите да примат повеќе одошто можат да задржат. Во спротивно садот на трагачител не би издржал. Учителот може само да ја излива својата бескрајна светлина во своите ученици, но еднаш кога ќе стигне до границата на нивните можности, се што им дава преку тоа ќе биде изгубено.

Традиционално учителите имале обичај да велат: “Ако имаш нешто, учениците мора да дојдат. Не оди бунарот кај жедниот, туку жедниот кај бунарот.“ Тоа е потполно точно ако жедната личност е возрасна. Но ако чувствувате дека жедната личност е само дете, тогаш е сосема поинаку. Бебето плаче во својата соба а мајката трчејќи доаѓа да го нахрани. Мајката не му вели на бебето: “Ако сакаш нешто од мене, тогаш мораш да дојдеш кај мене.“ Не, мајката остава се и трчи кон своето бебе. На истиот начин и во духовниот живот некој учители чувствуваат потреба да излезат во светот затоа што смеаат дека во својата свест, надворешниот свет е само бебе. Тие учители чувствуваат дека има многу деца кои плачат за духовниот живот, духовната мудрост, духовното совршенство, но кои не знаат каде и како да ги пронајдат. Затоа учителите одат од место на место и ја нудат својата светлина со цел да му служат на божественото во човештвото.

 

...
  Духовен учител