Јога
Што всушност се мисли под Јога?
Јога значи единство. Единство помеѓу човекот и Бог. Јогата ни кажува колку далеку сме отишле во напредокот до Богореализација. Јогата истотака ни кажува за нашата судена улога во Божјата космичка драма. Конечната улога на Јогата е таа дека секоја човечка душа е божествен пример на Бог овде на земјата.
Ајде сега да го фокусираме нашето внимание на практичниот аспект на Јогата. Постојат различни видови на Јога. Карма Јога – патот на делувањето, Бакти Јога – патот на љубов и посветеност и Џнана Јога – патот на знаење. Овие три служат како три главни порти до Божјата Палата. Ако сакаме да го видиме и почувствуваме Бог на најслаткиот и најинтимен начин, треба да практикуваме Бакти Јога. Ако сакаме да го реализираме Бог во човештвото преку нашето безусловно служење, треба да практикуваме Карма Јога. Ака сакаме да ја реализираме мудроста и славата на Божјото сенадминувачко Сопство, треба да практикуваме Џнана Јога.
Дали секој може да практикува Јога?
Да, секој може да практикува Јога без разлика на годините. Но ние мора да разбереме што навистина Јогата содржи. За жал постојат многу луѓе што под Јога подразбираат физички позиции и вежби за дишење. Ова е ужасна грешка. Овие позиции и вежби се предосновни и подготвителни што водат до концентрација и медитација и само концентрација и медитација можат да не одведат во подлабок, повисок и пополн живот.
Јога не е нешто неприродно, ненормално или неземско. Тоа е нешто практично, природно и спонтано. Токму сега ние не знаеме каде е Бог и како Тој изгледа. Но со практикување Јога, го гледаме од прва рака. Како што во материјалниот свет постигнуваме успех во нашите избрани активности со постојано вежбање, исто така и во духовниот свет со практикување Јога ние ја постигнуваме целта над Целите – Богорализација.
Дали Јогата може да ни помогнe во секојдневниот живот?
Јогата ни помага во секојдневниот живот. Факт е дека Јогата е таа што е од врвна помош во секојдневниот живот. Нашиот човечки живот е полн со сомнеж, страв и фрустрација. Јогата ни помага да го замениме стравот со нескршлива храброст, сомнежот со апсолутна сигурност и фрустрацијата со златни постигнувања.
